Внимавајте, намалена е видливоста на патиштата

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива тековно, по претежно суви коловози.

Поради појава на магла, видливоста кај Сарамзалино е намалена од 30 до 50 метри.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.