Внимавајте: Одредена шминка и козметика предизвикуваат рак!

Кога купувате шминка и козметика задолжително читајте го составот на производот. Доколку производот во себе содржи парабен, внимавајте, станува збор за предизвикувач на карцином.

Една просечна жена на дневно ниво нанесува околу 515 хемикалии во дезодоранси, креми и кармини, а во 90% од тие производи го има парабенот, покажуваат најновите истражувања спроведени во Велика Британија.

Имено, парабените се конзерванси, а се употребуваат за да се спречи расипување и развој на микроорганизми, бактерии, габи, затоа ги има во различни препарати. За жал, тие често се користат во декоративната козметика (кармини, пудри, сенки за очи, руменила, маскари), креми за лице и тело, средства за самопотемнување, пасти за заби, па дури и во детската козметика.

Со нивна честа употреба и фактот дека тие не се разградуваат во човечкиот организам, туку се таложат околу коските, срцето и градите па така и настануваат разни форми на карцином.

Како за пример, со едно нанесување на дезодеранс кој во себе има парабен, 20 до 60% преку кожата продира во организмот и ги активира ќелиите на рак.

Поради тоа препорачливо е да се користат производи без парабен, траат пократко, меѓутоа се поздрави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.