Внимавајте: Ова се лажни „здрави“ намирници

Голем број луѓе денес внимаваат на начинот на исхрана, а постојано излегуваат некои нови податоци за тоа што да се јаде ако сакате да бидете здрави и витки. Меѓутоа одредени намирници ја стекнаа популарноста без покритие.

Житарки

Иако делуваат како ултимативна здрава храна често се преполни со шеќери, тврдат нутриционистите, кои додаваат дека житарките исто така се богати со калории.

Содржат и голем број масти, доколку има и јаткасти плодови, семенки, иако станува збор за здрави масти.

Ако сакате поздрав оброк, одбирајте ги житарките кои се без дополнителни шеќери и хидрогенизирани масла, односно оние кои се богати со растителни влакна.

Интегрални крекери и кекс

Интегралните крекери носат минимална корист во однос на другите видови намирници кои содржат помалку маснотии и кои се без дополнителни шеќери.

Исто така и можат да го подигнат нивото на шеќер во крвта како и останатата, обично поевтина храна.

Посни смрзнати јадења и готови салати

Ова можеби делува сјајно ако се обидувате да ослабете, но малите готови замрзнати порции кои наводно се здрави се преполни со вештачки додатоци, кои ја ограничуваат користа која би ја добиле доколку изедете порција свежа храна.

Голем број нутриционисти вака подготвената храна не ја сметаат за вистинска храна, па велат дека би ја јаделе само во случај на апокалипса, додавајќи дека само затоа што на нешто пишува дека глутен, не значи дека е здраво.

Диетални газирани пијалоци

Диеталниот газиран пијалок воопшто н е поздрав од стандардниот газиран напиток, преполн со шеќери. Долгорочно гледано, вештачките засладувачи ниту малку нема да им помогнат ниту на вашиот изглед ниту пак на вашето здравје.

Истражувањата покажале дека гојазните луѓе почесто пијат диетални пијалоци, токму поради тоа што се наводно диетални, пијат повеќе отколку што би испиле обичен газиран пијалок, или јадат поголема количина храна со нив.