ВНИМАВАЈТЕ: Овие бои за јајца се отровни!

Од Дирекцијата за храна предупредуваат дека боите за јајца кои се продаваат по пазарите на рефус, без соодветна амбалажа и упатство за користење, се опасни и можат да предизвикаат и трајни оштетувања. Особено се опасни боите кои имаат арсенови соли.

Боите кои се продаваат на пазарите на лажиче се набавуваат од Србија и Бугарија и од тамошните инспекциски служби има информации дека се работи за текстилни бои, а не бои за храна.

Овие бои можат да бидат опасни за здравјето, предупредуваат докторите, затоа што токсичните метали кои ги има во боите, можат да навлезат дури и во жолчката на јајцето.

Од Дирекцијата за храна апелираат до граѓаните да не купуваат рефус бои за јајца, туку да ги користат оние кои имаат амбалажа и на кои стои упатство за користење.