Внимавајте: Рефус боите се отровни

Боите за јајца кои се продаваат по пазарите на рефус, без соодветна амбалажа и упатство за користење се опасни и можат да предизвикаат  трајни оштетувања.

Од Дирекцијата за храна предупредуваат дека особено се опасни боите кои имаат арсенови соли.

Боите кои најчесто се продаваат по пазарите како рефус, најчесто се увезени од Србија и Бугарија. Според информациите од тамошните инспекциски служби, станува збор за бои кои се употребуваат за текстил а не за храна.

Според тоа, ваквите бои се опасни по здравјето бидејќи токсичните метали кои ги содржат можат да навезат дури и во жолчката на јајцето, потенцираат докторите..

Од Дирекцијата за храна апелираат до граѓаните да не купуваат рефус бои за јајца, туку да ги користат оние кои имаат амбалажа и на кои стои упатство за користење.