Внимавајте: Следат огромни казни ако го направите ова на плажа

Ако не сакате да изнајмувате лежалка на плажа, туку ви е подраго да се излежувате на пешкир, тогаш сигурно барем еднаш сте си го „резервирале“ местото така што сте оставиле пешкир и чадор за сонце, пред да се создаде гужва.

Од годинава една позната дестинација ќе наплаќа огромни казни за секого што ќе остави пешкир наутро затоа што тоа го смета за нарушување на редот.

Подобро ќе биде или да подраните, или пак да се задоволите со некое пооддалечено место инаку во спротивно ќе мора да го отворите паричникот.

Првата казна од тој типво Шпанија, како што пишува порталот „24Сата.рс“ , му била изречена на човек од Мадрид кој рано наутро го оставил чадорот за сонце на плажата Ел Кура во летувалиштето Торевијеха за да си обезбеди место.

Локалните власти тој поег го протолкувале како „пречка за чисење на јавните површини“ и го казниле иако тој тврдел дека и понатаму бил на плажата и пливал кога тие го нашле неговиот чадор.

Отсега во периодот помеѓу три часот по полноќ и осум часот наутро упоребата на пешкири, чадори за сонце и лежалки за зафаќање на место на плажата е строго забранета, а казните се движа од 150 евра па нагоре.