Внимавајте во каков модел на чевли ќе ја дочекате Нова година

Убавите чевли придонесуваат за подобар изглед, но ако се работи за неадекватен модел, вашето излегување може да се претвори во ноќна мора и да ви остави последици за цел живот.

Погрешниот избор на чевли може да предизвика краткорочни болки, но и сериозни долгорочни промени. Ема Супле, експерт на оваа тема ги опишува проблемите во зависност од тоа за каков модел на чевли се работи.

  1. Чевли со шилест завршеток

Независно од височината на потпетицата, чевлите со шилест завршеток во никој случај не се добри. Прстите во нив се ектсремно стегнати, а болката почнува да се јавува веќе по половина час. Мнозинството жени ќе почувствуваат нелагодност и болка веќе по само неколку часа. Премногу честото носење на вакви чевли може дља доведе до долгорочни проблеми затоа што прстите се деформираат. Оние што ги носат може да добијат и подливи околу ноктите. Ваквите модели, ако баш сакате, треба да ги носите ретко.

  1. Чевли со тврд материјал на петиците

Во таквите модели најмногу ќе страда петата затоа што на неа ќе има константен притисок поради крутиот материјал. Поради триењето на кожата и чевелот ќе настанат плускавци, а кај почестото и подолго носење на петата може да се појави ковчест израсток што бара хируршка интервенција за отстранување.

  1. Платформи

По неколку пијачки…