Внимавајте во каков модел на чевли ќе ја дочекате Нова година

По неколку пијачки во овие чевли е возможно да бидете подеднакво нестабилни како кога носите потпетици. Голем број жени што често носат такви чевли, развиваат одреден вид на чекорење што создава притисок на зглобовите и доведува до болка во нозете. Покрај тоа, голем број платформи се тешки па тоа претставува дополнително оптеретување за мускулите. Кај таквите модели важно е да бидат лесни и многу стабилни.

  1. Многу тесна потпетица

Не е нормално постојано да одите на прсти, а токму тоа се случува ако чевлите имаат мошне тесна потпетица, без разлика на тоа колку е висока. Чевлите со такви потпетици често се мошне нестабилни и претставуваат ризик за сопнување, што никој не го сака, посебно не за новогодишната ноќ. Долгорочното носење на таквите модели може да доведе до трошење и разорување на зглобниот ’рскавец, односно до остеоартритис во колената, како и до трајно оштетување на ахиловата тетива. Ако веќе морате да ги носите, тогаш избете од оние што се поквалитетни и постабилни.

  1. Рамни чевли

Голем број жени грешат затоа што се уверени дека рамните чевли се совршени за стопалата, но тоа не е така. Тие може да доведат до спуштање на стопалото и скратување на мускулатурата на листовите, па и до проблеми со карлицата. Исто така, може да се јави и болка во петицата.

  1. Чевли со високи потпетици

Голем број жени ги бираат овие чевли затоа што нозете во нив им изгледаат подолго и посексапилно. Кај таквите модели се создава голем притисок на прстите што може да предизвика појава на болка, плускавци, модринки, испукување на кожата. Студијата од 2010-тата година покажа дека мускулите станале пократки за 13 отсто, а ахиловата тетива потврда и подебела кај жените што носеле чевли со високи потпетици пет пати неделно во период од две години, за разлика од жените што не носат такви чевли.

Идеални чевли

Анатомски обликувани модели со потпетица со височина од два и пол сантиметри и заoблен врв во кој има доволно место за прстите. Делот што ја допира петицата не смее да биде крут туку мек, а ѓонот мора да биде флексибилен за стопалото да може нормално да се витка. Исто така, добро е да се изработени од природни материјали што ќе им дозволат на стопалата да дишат.