ВМРО-ДПМНЕ: Села го прогласи македонскиот народ за геноциден

Главниот реформатор на аболицираниот криминалец Зоран Заев, Зијадин Села вчера во Собрание го прогласи за геноциден македонскиот народ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од нивното соопштение:

Собраниското мнозинство вчера и официјално ја внесе Тиранската Платформа во Собранието и ја најави намерата во целост да ја реализира.

Целата македонска јавност имаше можност да слушне што предвидува Тиранската Платформа и тоа директно од Собраниска говорница.

Тиранската Платформа која ја прифати СДСМ во себе содржи неуставни елементи, чие реализирање ќе го поткопа уставниот поредок и целосно ќе ја редефинира Република Македонија.

Главниот реформатор на аболицираниот криминалец Зоран Заев, Зијадин Села вчера во Собрание го прогласи за геноциден македонскиот народ.

Молкот на СДСМ по ваквите изјави во Собранието, значи ОДОБРУВАЊЕ на Тиранската Платформа и согласност со сите нејзини точки само за да се зграпчи власта.

ВМРО-ДПМНЕ јасно ја осуди и отфрли Тиранската Платформа и кажа дека не се согласува со нејзината содржина.

ВМРО-ДПМНЕ понуди решение за излез од политичката криза. Патоказот кој го понуди ВМРО-ДПМНЕ е добра основа за постигнување консензус околу излез од кризата.

  1. Да се усогласиме дали важноста на политичката праксата за Коалицирање на победник со победник е фактор на дополнителна стабилност во државата дали како таква треба опстои или се отфрла сега и во иднина. Доколку се отфрла тоа би било во интерес на изедначување на гласот на секој пратеник, со сите логични последици од таков чекор?

– Ова е неопходен предуслов со цел одбегнеме двојни стандарди во домашната политика и менување на политичките традиции, обичаи зависно од изборните резултати. На долг рок усогласувањето околу овој принцип и неговото важење или отфрлање ќе донесе поголема предвидливост на политичката сцена.

  1. Дали се прифатливи странските агенди во внатрешно-политички цели или пак единствено тие кои што се претставени и верификувани од граѓаните на Република Македонија на избори се актуелни, релевантни и продуктивни агенди за државата?
  2. Дали при конституирање на Собранието, сегашното но и во секој иден состав позицијата Претседател на Собранието на Република Македонија логично би му следело на политичката коалиција или партија којашто победила на изборите или треба да биде предмет на надгласување?

– Во истиот контекст, кои би биле гаранциите дека оваа позиција Претседателот на Собранието на Република Македонија не би била злоупотребена за политички махинации со цел одложување на одредени закажани или превидени избори и игнорирање на волјата на мнозинството граѓани кои што имаат најголем број на изгласани пратеници во Собранието ?

  1. Дали се сите политички актери согласни со задржувањето на мултикултурниот модел македонското општество со подеднаква промоција на сите заедници или се поддржува промена на овој модел во двонационален, на сметка на повеќето не мнозински заедници?
  2. Дали врвен приоритет во овој момент останува стабилизирањето на земјата, институциите, економијата и европските реформи за евро интеграции како обединителна сила за сите граѓани, или пак сите овие приоритети треба да се заменат со редефинирање на односите помеѓу заедниците и државното устројство на Република Македонија?

СДСМ исто како и ВМРО-ДПМНЕ треба да ја осуди и отфрли Тиранската Платформа или доколку смета дека таа е добра за државата да излезе со неа на избори како своја изборна програма, па да види што мислат граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ја разбира загриженоста која стотици илјади граѓани секојдневно ја покажуваат низ целата земја.

Граѓаните се чувствуваат изиграни и загрозени, бидејќи СДСМ под превезот „За живот“ им донесе двојазичност и федерализација.

Заради тоа народот е на нозе !

Заради тоа Македонија се буди !

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.