Внук тргнал со секира кон дедото, но настрадал само автомобилот

 Во Тетовското село Боговиње, вчера во 10.30 часот, во дворот од куќата сопственост на З.И.(51), настанала расправија помеѓу З.И. и неговиот внук Н.И.(20).

Внукот најнапред со секира му се заканувал на дедото, а потоа го оштетил неговиот автомобил.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.