Внуката на Мисирков: Да направиме сè што е во наша моќ, држава да остане унитарна

Да појдеме повторно по нашата маршута за да го спречиме разнебитувањето на Македонија, да направиме сè што е во наша моќ, бидејќи се е во наша рака за нашата држава да остане унитарна, да остане наша, да живееме тука и понатаму слободно, истакна на денешниот протестен марш Елена Мисиркова од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Пред огромниот број присутни граѓани таа истакна дека е горда сум што може да ги поздрави и заедно со нив да го сочува она што нашите предци со пролеана крв и по мачен пат го стекнале.

-Постулатите од нашиот проглас се упатени до секој граѓанин, секој е добредојден тука, посочи Мисиркова.

Кон граѓанската иницијатива денес освен жителите на Скопје, се придружија уште четири града. Протестен марш за зачувување на унитарноста на Македонија се одржува и во Прилеп, Кичево, Штип и Куманово.