четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 34

Во 10 сообраќајки вчера во Скопје повредени 7 лица

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 10 сообраќајни несреќи, во кои седум лица се повредени. Четири сообраќајки се со материјална штета.

сообраќајки

Поврзани вести

Како што информираа од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се пет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи поминале на црвено светло на семафор, 28 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и девет возачи кои за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Затекнати се и 82 непрописно паркирани возила и четири пешаци кои поминале вон пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на вчерашниот ден отстранети се 107 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ со учениците од второ одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

Денеска со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу ЖРК Вардар  и Лајпцинг, Германија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е пренасочување на сообраќајот.

Најчитани вести