Во 12 сообраќајки во Скопје повредени осум лица

На подрачјето на Скопје во текот на вчерашниот ден се случиле 12 сообраќајни несреќи. Од нив четири се со последица материјална штета, три со тешки телесни повреди, а пет се со полесни повреди.

Како што информираат од МВР, во текот на изминатиот дeн од страна на сообраќајната полиција, откриени се и повеќе прекршоци. Еден возач управувал со нерегистрирано возило додека тројца управувале патнички моторни возила без возачка дозвола.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети биле четири возилa.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.