Во 1954 година во Берово биле измерени рекордни -32 степени

Пред 60 години на 27 јануари е регистрирана најниската температура во Македонија. Во Берово во далечната 1954 година се измерени минус 31,5 степени Целзиусови, објави МИА.

Ваквата температура е евидентирана како најниска во Македонија од 1925 година наваму.

Највисока снежна покривка во Македонија, пак, е забележана во 2006 година на Попова Шапка со 215 сантиметри.

Од Управата за хидрометеоролошки работи ниски темпертури најавија и за наредните неколку дена. Најстудено утро се очекува во петок кога температурата ќе се спушти до -20 степени.