Балкан

Во 2013 година грчката економија се намалила за 3,85 отсто од БДП

Во 2013 година грчката економија се намалила за 3,85 отсто од БДП

Во 2013 година грчката економија доживеа пад во износ од 3,85 отсто од БДП. Ова се најновите податоци за економијата на оштетената земја од тешката криза, откако претходните пресметки покажуваа пад од 3,7 отсто, пишува весникот „Катимерини“.

Грчката статистичка служба ги преиспита податоците, намалувајќи ги прогнозите за пад во последниот квартал на годината од 2,6 отсто на 2,3 отсто. За преостанатите три квартали сепак податоците за економскиот пад беа влошени. Сепак намалуваето на грчката економија останува ограничено од предвидените -4 отсто од БДП, коментира весникот.

Во меѓувреме, Грчката централна банка очекува во 2014 година економскиот раст на земјата да изнесува 0,7 отсто, што ќе стави крај на шрстгодишната рецесија.