Во 2014 година Агенцијата за катастар реализирала низа проекти

Агенцијата за катастар во 2014 година, според својот акционен план реализирала низа проекти за подобрување на квалитетот на своите услуги. Во извештајот се вели дека решени се 99,85 отсто од 1,2 милиони предмети кои биле примени во текот на годината.

Ова се проектите кои Агенцијата ги реализирала:

– Започна приклучувањето на електронскиот шалтер на Агенцијата а до крајот на оваа година се приклучија сите нотарски канцеларии, сите геодетски фирми сите општини, сите извршители, како и поголем дел од проценителите, банките, или вкупно над 600 професионални корисници исклучиво електронски работат со катастарот.
– Е-шалтерот работи 24 часа а заклучно со декември над 50% од вкупниот број на примени предмети се по електронски пат,
– Пуштен во употреба новиот ГИС портал на агенцијата за катастар на недвижности, во кој покрај ортофото карта и дигитални катастарски планови, главна новина се точките од интерес (нотари, геодети, општини,одделенија на катастарот) како и обележувањето на парцелите на кои се гради објекти, како и парцелите на земјоделско земјиште кои се издадени под закуп,
– Акцијата започна со бесплатно изложување на државното градежно земјиште на кое кориснички права имаа физички и правни лица и до крајот на годината се изложија над 35.000 парцели,
– Се издаде првиот имотен лист за инфраструктурен објект од областа на телекомуникациите, до крајот на годината се создадоа услови за запишување на сите видови на подземни и надземни инфраструктурни објекти (телекомуникациски, електро-енергетски, водоводно канализациони, сообраќајни и други видови), до крајот на 2014 се евидентираа 23.000 км водови како и 141.000 точкестиинфраструктури (базни станици, антени, далноводи итн.)
– Се воведе HELP desk на Агенцијата за катастар на недвижности во кој на бесплатната телефонска линија 0800-80-800 услуга добија над 7.000 граѓани и правни лица во РМ.

SONY DSC

– Се потпиша договорза грант од 4,2 милиони евра со шведската Агенција за меѓународен развој SIDA и земјите од Западен Балкан за развој имплементација на INSPIRE директивата и во декември се формираше Владиниот совет за НИПП,
– Се создадоа законски услови за изработка на бесплатни Геодетски елаборати за примателите на социјална и постојаната парична помош и до крајот на 2014 година се примија над 1700 барање и се изготвија над 1200 бесплатни геодетски елаборати, и
– До крајот на оваа година се запишаа над 112.000 легализирани дивоградби во катастарот,
– Намалување на цените на услугите на катастарот просечно за 16,1 %, како и намалување на цените за услугите кои ги даваа приватните геодетски фирми просечно за 10.1 %,
– Се воведе ИРП систем во Работата на катастарот кој ги опфати сите секундарни бизнис процеси на катастарот,
– Се изработи и се стави во примена МАК-ЕДИТ софтвер за изработка на геодетски елаборати закатастар на недвижности и инфраструктурен катастар,
– Започна превод на 2 милиони тапии за територијата на РМ обезбедени од турскиот катастар,
– Се изврши дигитализација на катастарските планови на 70% од територијата на Република Македонија,
– Се решија 99,85 % од 1,2 милиони примени предмети во 2014 година.

За во 2015 година предвидени се следниве проекти:

1. До крајот на јануари 2015 година ќе се пушти во употреба Регистарот на Цени на недвижности, Во моментов се вршат финалните тестирања на системот а ќе се извршат и обуки на Нотарите со цел правилно по електронски пат да се доставуваат податоците до катастарот,

2. До крајот на март 2015 ќе се реализира проектот ДМС -Документ менаџмент системот на Агенцијата за катастар на недвижности со кој ќе се заокружи целокупното електронско работење на катастарот,

3. До крајот на април 2015 ќе се стави во Употреба Дистрибутивниот систем на катастарот преку кој ќе се овозможи обезбедување на Имотен лист, копие од катастарски план, уверение за движење на имотот, како и други документи граѓанитеи бизнис заедницата да можат да го извршат по електронски пат од дома,

SONY DSC

4. До крајот на мај 2015 ќе се воспостави Владаниот геопортал за Националната инфраструктура на просторни податоци, 17 државни институции ќе се поврзат преку геопорталот, а нивните геопросторни податоци ќе бидат достапни за граѓаните и бизнис заедницата,

5. До крајот на јуни 2015 ќе биде пуштен Регистарот на Градежно земјиште, во кој ќе се слеат сите донесени урбанистички планови, а преку системот ќе се подржи постапката за донесување на урбанистички планови, ќе може да се обезбедуваат податоци за видот и намената на предвидената градба, сопствениците на земјиштето и на многу брз и едноставен начин било електронски или на шалтер ќе се обезбедуваат условите за градба,

6. До крајот на октомври 2015 ќе биде пуштен во употреба Адресниот регистер на РМ, кој ќе овозможи брза и ефикасна постапка за воведување на нови и промена на постојни адреси, на едно место во катастарот сите физички и правни лица ќе можат да ги обезбедат адресните податоци за било кој субјект во РМ.

7. До крајот на Ноември 2015 ќе заврши процесот на Дигитализација на катастарските планови, 100% територијата на РМ ќе биде покриена со дигитални планови, кои освен што ќе ја забрзаат работата на катастарот истите ќе бидат од големозначење за општините и другите институции во РМ

8. До крајот на декември очекуваме имателите на инфраструктурни објекти да запишат во катастарот и добијат имотен лист за над 30% од подземните и надземните инсталации со кои располагаат,

9. Катастарот ќе продолжи во текот на цела 2015 година да изработува бесплатни геодетски елаборати за примателитена социјална и постојна парична помош, и

10. Катастарот очекува и наредната година да прими преку 1 милион предметии истите да бидат решени во законски утврдените рокови