Во 2014 година во Ирак загинале 12.282 цивили

Во насилствата во Ирак во 2014 година загинаа најмалку 12.282 цивили, што е најсмртоносна година од периодот 2006-2007 година, соопштија Обединетите нации, објави МИА.

Поголемиот број жртви, дури 8.500 се регистрирани во втората половина на 2014 година откако почнаа судирите меѓу Исламска држава и безбедносните сили.

Податоците покажуваат дека во 2013 година биле убиени 7.818 цивили. Но, жртвите се под бројот на загинати во периодот 2006-2007 година, кога ескалира насилството врз религиозна основа меѓу сунитите и шиитите.

Претходно, ирачката Влада соопшту дека минатата година во насилствата загинале 15.538 луѓе.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.