Во 2014 година во Сирија загинале над 76 илјади луѓе

Војната во Сирија однела во 2014 година живот на 76.021 човек од кои половината се цивили. Тоа го соопшти невладиниот Сириски центар за човекови права, објави МИА.

Во август ОН објави дека од почетокот на конфликтот кој почна со протести во 2011 година се убиени 191.000 луѓе. Невладини организации тврдат дека таа цифра е многу поголема.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.