Во 2014-та три нови автопати и 75 локални патишта

Во 2013-та година се изградени или темелно реконструирани 144локални патишта со должина од 145 километри и 14 регионални  и магистрални патишта во должина од 150 километри.
Премиерот во своето новогодишно обраќање најави дека во 2014- та година ќе има нови 75 локални патишта исто така во должина од 145 км и голема должина на регионални и регионални патишта.

„Во 2014-та меѓу останатото започнува и градбата на ХЕ Бошков Мост и Луково поле, а се чини овој пат има интерес од концесионери за ХЕ Чебрен како никогаш досега.  Во 2014-та ќе имаме градба на гасоводна примарна мрежа,а во јануари ќе се отвори и јавен повик за концесија на секундарната гасификација“, рече Груевски.

Во 2014-та година ќе се градат три автопатишта кои ќе бидат од голема корист за граѓаните, ќе им го олеснат и скратат патувањето.

„Последната делница од автопатот Александар Велики се гради без застој,а со НР Кина се направи аражман за два нови автопата, од Скопје до Штип и од Кичево до Охрид чија градба треба да почне за околу два месеци. Се потпиша и договорот за градба на железницата кон Бугарија чија градба  треба да почне во наредните два-три месеци, а пругата на коридорот 10 се ремонтира за да се вози со брзина од 120 км на час. Се склучија и договорите за набавка на 150 товарни вагони, а следува потпишувањето и за нови патнички композиции, како и реконструкција на поголемите железнички станици“, најави претседателот на македонската Влада.

Тој во обраќањето потсети дека во 2013та за 5 отсто беа зголемени  пензиите за пензионерите и социјалната помош, а во март следната година предвидени се нови 5 отсто зголемување и на двете, додека во септември 2014та ќе пораснат за 5 отсто и платите во администрацијата, во време во кое во повеќето други земји или се замрзнати или се намалуваа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.