Во 2015 Аеродром со нов парк и нова инфраструктура

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, за 2015 година најави изградба на нов парк, пристапни улици и изградба на инфраструктура.

– Во 2015 година, планираме да градиме и да создаваме што е можно повеќе за жителите на Аеродром“, рече Коневски.

Најави изградба на нов парк спроти „Мајчин дом“, на површина од 2.319 м2 и ќе содржи пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште. Постојните дрвја на таа локација ќе се задржат и ќе се збогати паркот со ново зеленило составено од нискостеблести растенија и цвеќе.

За 2015 година планирани се и изградба на комунална инфраструктура на улицата „Анастас Митрев 3“ во Мичурин, изградба на инфраструктура во населбата Стар Аеродром, нова пристапна улица кон локалитетот „Индустриска зона“, доизградба на фекалната канализација во Горно и Долно Лисиче, атмосферска канализација во Горно Лисиче.

Ќе се обновуваат улици во Горно и Долно Лисиче, обнова на улиците „Тодор Чангов“ и „Горно Лисиче“ во соработка со Светска банка и Агенција за државни патишта, осветлување паркиралишта во населбата Јане Сандански, изградба на систем за автоматско наводнување на зеленилото во населбата „13 Ноември“.

Ќе се изработи нов план за локален економски развој (ЛЕР), проекти за подобрување на условите за образование и спорт, ќе се изградат нови пешачки патеки и тротоари и ќе се догради сервисната улица покрај булеварот „АСНОМ“

Во 2014 година, како што рече градоначалникот Коневски, се реализираа десетина капитални проекти, меѓу кои: изградбата на Спортскиот центар „Јане Сандански“, нова инфраструктура во Ново Лисиче, нова инфраструктура покрај булеварот „Трета македонска бригада“, нова инфраструктура во Реонски центар „Аеродром“, повеќенаменско спортско игралиште во Реонски центар „Аеродром“.

Обезбедена училишна облека во основните училиште, бесплатен англиски јазик во градинките, поставени соларни колектори во објектот „Црвенкапа“ за заштеда на енергија, изградба на систем за автоматско наводнување на зеленилото во населбата Јане Сандански, меѓународен фестивал на комедијата „Гола Месечина“, турнир во мал фудбал, споменик Александар Македонски и многу други проекти како Фудбалодром.