Во 2015 година 1.000 здравствени работници ќе одат на доедукација

Илјада здравствени работници, лекари и медицински персонал, оваа година ќе заминат на доедукација во САД, Европа и Австралија, соопшти денеска министерот за здравство, Никола Тодоров.

Проектот кој активно функционира од 2012 година овозможи преку илјада доктори и медицински персолнал да отиде на доедукација во САД, Австралија и Европа.

„Во 2012 година на доедукација имаат отидено 69 доктори, оваа бројка во 2013 година се искачи на 501, а во 2014 година достигна 514 доктори кои се доедуцирале. За оваа, 2015 година, предвидено е да бидат испратени околу 1.000 медицински лица“, изјави министерот Тодоров.

Со доедукацијата се унапредуваат вештините и квалитетот во здравството, докторите оставруваат голем број на професионални контакти кои им се потребни за во иднина.

Проектот започна да функционира на тој начин што од страна на Министерството за здравство до докторите биле испратени понуди за тоа што и каде сакаат да се доедуцираат. Методите за доедукација биле вадени од тоа според Мој термин за каде и што имало најмногу препраќања.

Министерот Тодоров потенцираше дека засега одлично е прифатена доедукацијата и истата е започната да се применува.

За овој проект од 2012 година, па се сосега потрошени се над 1,5 милион евра.