Во 2015 година неколку капитални проекти во Кавадарци

Неколку капитални проекти најави градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов за наредниот период.

– Морам да го нагласам интересот за изградба на прва приватна градинка во градот, нова автобуска станица и колективен станбен простор, деловно трговски центар, а во нов објект ќе се дислоцира и територијалната противпожарна единица на Кавадарци. Ќе се продолжи кејот на реката Луда Мара, најавувам отварање на НВО центар а во општинската зграда лифт и тоалет за лицата со посебни потреби, рече Панов.

Тој нагласи дека истовремено ќе се продолжи и со комуналната изградба во општината со цел подобрување на животот на граѓаните во неа.