Во 2016-та рекордни 65,6 милиони раселени и бегалци

Бројот раселени и бегалци во 2016 година достигнал нов рекорд од 65,6 милиони луѓе кои побегнале пред судирите во своите земји, објави во понеделникот Вискиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), кој е особено загрижен од ситуацијата во Јужен Судан.

„Бројката од 65,6 милиони е во лесен пораст во однос на 65,3 милиони во претходната 2015 година“, изјави високиот комесар за бегалци Филипо Гранди. Станува збор, според него, за 40,3 милиони луѓе раселени во своите земји и 22,5 милиони бегалци, од коишто половина се деца, во 2016 година,

Најмногу внатрешно раселени има во Сирија, Ирак и Колумбија. Судирот во Сирија кој започна во март 2011 година е изворот на најмногу бегалци со вкупно 5,5 милиони луѓе. Само во 2016 година се регистрирани нови 825.000 бегалци, се додава во извештајот на УНХЦР.

Оваа агенција на ОН особено е загрижена за влошувањето на ситуацијата во Јужен Судан по „катастрофалниот неуспех на мировните напори“. „Кризата со раселените најброз расте токму во Јужен Судан“, предуредува Гранди.

Оваа земја независноста ја стекна во 2011 година, а веќе во 2013 година избувна граѓанска војна во кој загинаа повеќе десетици луѓе, со повеќе од 3,7 милиони луѓе кои ги напуштиле своите домови бегајќи пред вооружените судири. Бројот на бегалците последните шест месеци во оваа земја се зголемил за 64 отсто и достигнал бројка од 1,4 милиони луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.