Во 2018-та година ќе стартува “Лига на нациите”

УЕФА денеска потврди дека од 2018-та година ќе стартува новото натпреварување “Лига на нациите”, кое всушност ќе биде замена за голем број на пријателски натпревари.

Мишел Платини и неговите соработници најавија дека вкупно 54. репрезентации ќе бидат распоредени во четири дивизии (А, Б, Ц, Д) на основа на постигнатите успеси, а секоја дивизија ќе биде поделена во четири групи со по три или четири репрезентации.

Успешните селекции од пониските дивизии ќе напредуваат за еден ранг повеќе, а победниците од групата од најсилната А група ќе биде учесник на завршниот турнир на Лигата на нациите во јуни 2019-та година.

Лигата на нациите преку фајнл-форот кој ќе биде одигран во јуни 2019-та година, ќе даде и четири учесници на Европското првенство 2020-та година, што е шанса за селекциите кое тоа право нема да го изборат во квалификациите за континенталниот шампионат.

Натпреварите од новото натпреварување ќе бидат одиграни од септември до ноември 2018-та година.