Македонија

Во 2019 Скопје ќе добие Панорамско тркало

Во 2019 Скопје ќе добие Панорамско тркало

Најавуваното Панорамско тркало во центарот на Скопје ќе биде изградено за пет години.

Над 12 милиони евра ќе го чини ЈСП Скопје, проектот Панорамско тркало. Оваа година со Инвестиционата програма  проектот се предвидени близу 976 илјади евра, а различни суми ќе се одвојуваат и во следните четири буџетски  години. Според планот изградбата треба да заврши во 2019 година.

Панорамското тркало ќе биде лоцирано на нов мост на реката Вардар, а во средината мостот ќе бидат лоцирани ресторан,продавница сувенири и билетара. Тркалото ќе биде високо 73 метри од брегот на реката, со дијаметар од околу 57 метри, 30 гондоли, со капацитет за 300 луѓе.