Во 2091 година, Бугарија ќе го стигне БДП на ЕУ од 2011 година

При задржување на темпото на развој од два отсто на годишно ниво, Бугарија би го достигнала просечното ниво на БДП што ЕУ го имаше во 2011-та година дури во 2091-та, изјави денеска професорот Бојан Дуранкев, презентирајќи ја „Повелбата за слободна, праведна и солидарна Бугарија“.

Според Дуранкев, како што јави БТА, системот во Бугарија мора да се промени, бидејќи тој е „скапан, корумпиран и атрофиран“.

„Бугарија не ги следи европските и светските тенденции и нема долгоорчна стратегија за развој“, нагласи Дуранкев, додавајќи дека системот „работи само во интерес на мала група луѓе“.

Тој нагласи дека „Повелбата“ што ја промовира ја потпишале интелекталци од различни сфери и дека таа е насичена кон сите што „не сакаат повеќе да гледаат како едни исти полиитчки играчи… тврдат дека праведноста е невзоможна и дека луѓето треба да се помират со мизеријата во која живеат“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.