недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Во 34 сообраќајки викендов во Скопје, повредени 29 лица

Полицијата санкционирала и девет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор, како и 26 возачи на велосипеди со мотор

Сообраќајци ќе им помагаат на основците при минување на пешачки во Кисела Вода

Поврзани вести

Изминатите три дена на подрачјето на Скопје во вкупно 34 сообраќајни незгоди две лица се тешко повредени, а 27 се полесно повредени.

Во девет сообраќајки е предизвикана само материјална штета.

Како што информира МВР, за време на викендот се откриени поголем број прекршоци и се санкционирани 43 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 40 за возење под дејство на алкохол, шест за минување на црвено светло на семафор, 59 за возење со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 73 за непрописно паркирање.

Полицијата санкционирала и девет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор, како и 26 возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возење на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 87 непрописно паркирани возила.

Најчитани вести