Во 39-та почина Нелсан Елис, ѕвездата на вампирската серија „True Blood“

Ѕвездата на популарната телевизиска серија „Вкус на крвта“ (True Blood) на каналот HBO, Нелсан Елис кој го толкуваше ликот на Лафајет Рејнолдс, почина во 39-та година, изјави за магазинот Hollywood Reporter неговата менаџерка Емили Герсон Сајнс.

„Нелсон почина по компликации кои настанале по затајување на срцето. Беше голем талент. Секогаш ќе ни недостига“, се наведува во соопштението на менаџерката на актерот.

„Беше долгогодишен член на семејството на HBO, а гледачите засекогаш ќе го паметат ликот на Лафајет кој го отелотворуваше во серијата True Blod“, се наведува во соопштението на американската телевизиска мрежа.

Нелсан Елис глумеше во сите седум сезони од популарната серија, чиешто емитување започна во 2008 година.

„Беше единствен актер кој секогаш успеваше да ме восхити. Привилегиран сум што работев со него“, изјави еден од авторите на серијата Алан Бол.

На пошироката публика ѝ беше познат по ролјата во филмот „Тајниот живот на домашните помошнички“, филмската биографија „Get On Up“ за животот на кралот на соул музиката Џејмс Браун во која го толкуваше ликот на пејачот Боби Бирд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.