ТОП,Политика

Во агендата на Иванов не е предвидена средба со Карл Билт

Во агендата на Иванов не е предвидена средба со Карл Билт

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов нема да го прими поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи, Карл Билт, кој е во посета на Македонија.

Поранешниот шведски политичар, и сегашен ко-претседавач нa‎ тинк – тенк организација која се занимава со политички анализи, доаѓа во Македонија на средба со политичките лидери, јавуваат повеќе домашни медиуми.‎

Од Кабинетот на Иванов официјално велат дека во агендата на македонскиот претседател не е предвидена таква средба.‎

Неофицијално до средба Иванов – Билт нема да дојде пред се поради непринципиелните ставови и крајно необјективниот пристап на Билт во врска со внатрешната политичката ситуација, но и поради неговиот директен обид за мешање во внатрешните работи на Македонија.

Билт честопати фаворизира одредена страна, давајќи свои коментари и изјави во врска со политичките случувања на Балканот но и во Македонија. Пред своето доаѓање во Скопје тој на својот Твитер профил напиша: „Крајот на уставната криза во Скопје не е на повидок. Се чини дела разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка.“