Во акција на српската и австриската полиција уапсени се 26 лица за шверц на дрога

Во заедничка акција на припадниците на српската и австриската полиција,  уапсени се 26 лица под сомневање за шверц на дрога, соопшти денеска српското МВР.

Во акцијата, на територијата на Австрија уапсени се 24 државјани на Србија, еден на Австрија и еден Црна Гора.

Српското МВР , Управата за криминалистичка полиција, Управата за организиран криминал во соработка со полицијата на Австрија, откриле 14 лаборатории за одгледување на марихуана во вештачки услови и заплениле големо количество од овој наркотик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.