Во акцијата „Месо“ падна и боснаскиот вицепремиер

Во голема полициска акција во Босна и Херцеговина уапсени се министерот за земјоделство и вицепремиер на босанската влада, Јерко Иванковиќ Лијановиќ и министерот за трговија во владата на БиХ, Милорад Бахиљ.

Изутринава приведени се под сомнение за учество во организиран криминал и даночно затајување. Во таканаречената акција „Месо“ уапсени се вкупно 14 лица, меѓу кои и еден пратеник и двајца браќа на вицепремиерот Лијановиќ. Од Обвинителството на БиХ, по чиј налог е спроведена акцијата, се дознава дека апсењата се дел од истрагата за измами со кои буџетот на Федерацијата БиХ е оштетен за околу 6 милиони евра.

Акција е спроведена на 14 локации ширум БиХ и претставува една од најголемите предмети во борбата против организираниот криминал во земјата.

„Утврдено е дека криминалната група со своите противзаконски активности се стекнала со противправна корист во износ од 11,6 конвертибилни марки. Средствата се стекнати со прикривање данок, од ненаменски искористени субвенции за земјоделците и од продажба на стокови резерви на Федералната дирекција. За да го прикријат потеклото на парите, износот го враќале во легален оптек преку давање позајмици и откуп на акции од правни лица“, рече Кристина Јозиќ, портпаролка на босанската агенција за истражување.