Во Албанија блокирани 4,4 милиони евра поради перење на пари

Само во првото полугодие од годинава од страна на Генералната управа за спречување перење пари на Албанија, издадени се 25 наредби за блокирање, кои резултирале со запленување на 4,4 милиони евра од страна на судот.

Ова стои во извештајот на Управата за периодот јануари-јуни 2014, каде уште се наведува дека до полицијата и обвинителството се доставени 229 случаи каде има основани сомневања за перење пари, јави дописникот на МИА од Тирана.

„Издадени беа 25 наредби за блокирање. При тоа привремено беа блокирани 6,7 милиони евра, но за износот од 4,4 милиони евра беше донесена судска одлука за превентивно блокирање“, стои во извештајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.