Во Албанија официјално регистрирани 60.000 корисници на дрога

корисници

Како што јави допсиниокот на МИА, според официјалните податоци, околу 20 отсто од овие лица се зависници од хероин,15 проценти од кокаин, додека останатиот број се уживатели на марихуана.

Дневно во нашиот центар метадон примаат околу 250 лица. Меѓутоа, во текот на мојата десетгодишна работа, сфатив дека метадонот не е решение, туку со него само се ублажува проблемот, оценува Пашо Максути, прихијатар од Центарот за лекување од дрога „Акција+“.

Тој додава дека иако штетата во некои случаи е голема, сепак постојат многу шанси зависниците да се вратат во нормален живот.

Метадонска терапија не е ограничена и може да продолжи во текот на целиот животот, но на крајот има само еден лек. Едноставно, не ја пробувајте дрогата, советува Максути.