Во Албанија се предлага лустрација за комунистите

Албанскиот претседател Бујар Нишани предложи денеска, по повод одбележувањето на 25-годишнината од падот на комунизмот во земјата, Парламентот да објави ден за спомен на жртвите на „комунистичките злосторства“, отворање на досиејата и лустрација, пишува МИА.

Нишани рече дека четвртина век по падот на комунизмот, е време Парламентот да усвои закон за отворање на досиејата не само на шефовите на Државната безбедност, туку и на сите соработници на тајните служби, за да може „еднаш засекогаш да се смират душите на Албанците“.

Нишани рече дека времето на комунизмот било време на „најугнетувачките и најтерористички режими“ во источноевропските земји, а Албанија повеќе од која и да е држава треба да го слави падот на комунистичкиот режим.