Во Албанија заплeнeти нови 2,7 тони марихуана

Вкупно речиси три тони марихуана и оружје се запленети во новата операција на албанската полиција на повеќеместа во земјата насочна кон сузбивањето на раширната трговија со овој наротик, соопштено  во вторникот.

Во акцијата со кодно им „Богова“ во градовите Скрапар и Берат запленети се околу 1,9 тони марихана, три парчиња оружје, куршуми за истото а уапсени се и три лица.

Дел од дрогата или 820 килограми полицијата ги отркила натоварени во камион пред куќата, сопственост на извесен Ислам Зулуфтари, кој е уапсен.

Во куќата сопственост на В.З.кој е во бегство, откриени се уште 50 вреќи со вкупно 490 килограми марихуана. Другото количство марихуана е запленето кај лицето М.З. кој исто така ево бегство.

Во други две одделен акции полицијата од градот Лежа запленила 700 килограми марихуана.

Во куќа во селото Ишул, кај Лежа полицијата открила и запленила 300 килограми пакувани во вреќи,при што уапсен е сопственкот на куќата 56-годишн Пјетар Тони. Во втората акција на полицијата од споменатот град заплнети се 400 килограми од ова наркотично средство.

Во јужниот дел на земјата, кај Ѓирокастро, полицијата запленила 90 килограми марихуана и уапсила едно лице.