Во албанското езеро Фиерза со динамит усмртени 20 тони риба

Надлежните органи информираа дека во текот на вчерашниот ден со динамит во езерото биле усмртени најмалку 20 тони риба.

Според медиумите, надлежните се уште немаат осомничени за овој еконолошки масакр во езерото Фиерза, што е најголем ваков инцидент до сега.

Риби Албанија

Езерото Фиерза е најголема вештачка акумулација во Албанија. Таа се наоѓа на каскадата на реката Дрим, заедно со акумулациите Коман и Вау те Дејес.

Криволовството на овие како и на Скадарско Езеро е честа појава, за која се дознава или доколку има голем помор на риба или ако дојде до повредна на рибокрадците при употребата на динамит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.