Во Алепо почна операцијата за евакуација на бунтовниците

Ново примирје стапи во сила во северниот дел на сирискиот град Алепо денеска кусо по полноќ, изјави претставник на бунтовниците.

Според очевидци, оттогаш не се слушаат истрели, јави БТА.

Претставник на сириските власти изјави дека операцијата за евакуирање на бунтовниците од нивната енклава во источниот дел на Алепо почнала. Предвидено е да бидат извлечени уште цивили и ранети лица.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека бил замолен заедно со сириската Црвена полумесечина од двете страни на конфликтот да помогнат за евакуирање на ранетите.

Автобуси пристигнале од владината страна на фронтовата линија во Алепо и се подготвени да примат луѓе.