Во американските весници лани се укинале 1.300 работни места

Американските печатени весници во 2013 година биле принудени да скратат околу 1.300 работни места, покажуваат податоците од истражувањето на Центарот за напредни социјални студии.

Во САД моментно има 1.400 печатени медиуми, во кои работат околу 36.700 новинари со полно работно време.

Според истражувањето, припадниците на расните и етничките малцинства се слабо застапени во весниците и претставуваат само 13 отсто од вкупниот број вработени.

Својот врв бројот на работни места во печатените медиуми во САД го достигна во 1990 година кога имаше 56.900 вработени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.