Во Анкона запленети над два тона албанска мархуана

Дрогата била скриена меѓу палети и градежен материјал, кои биле натоварен камионот, а ја откриле полициски кучиња обучени за тоа.

Според полициското соопштение, уапсен е возачот и уште две лица, а истрагата се проширува поради основани сомнежи дека и други лица се вмешани во шверцот на ова големо количество мархуана.

Полицијата информира дека доколу дрогата би се нашла на нарко пазарот би достигнала вредност од 20 милиони евра.

Статистиката на италијанската полиција потврдува дека од почетокот на годинава само во Анкона се запленети 20 тони албанска марихуана.

Високи фукционери на италјанската полиција во неколку наврати искажа загриженост поради зачестените обиди за шверц на албанска марихуана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.