Во антитерористички акции во Истанбул уапсени 20 лица

Во рамки на операцијата, која опфаќа рации во Истанбул, а чија цел се припадници на Курдската работничка партија (ПКК), турската полиција уапси 20 лица, вклучувајќи и неколкумина адвокати.

Антитерористички полициски акции, со поддршка на хеликоптери, истовремено се спроведени во 32 места ширум градот, а меѓу уапсените се неколку акдвокати од се уште непознати здруженија.

Уапсените се одведени во главната полициска станица во Истанбул, по рутинската здравствена контрола.

Во рамки на операцијата се приведени лица во уште осум други провинции.

Рациите следеа откако судирите меѓу турските безбедносни сили и ПКК се проширија на нови подрачја во југоисточна Турција, а по самоубиствениот напад во Анкара, во кој загинаа 37 лица, на улиците излегоа тенкови и оклопни возила, придружени од хеликоптери.

Иако ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот во Анкара, Министерството за внатрешни работи тврди дека зад него стои ПКК.