Македонија

Во април издадени 210 одобренија за градба

Во април издадени 210 одобренија за градба

Во април годинава се издадени 210 одобренија за градење, а вредноста на објектите според издадените одобренија изнесува 2.507.469 илјади денари, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на издадени одобренија за градење бележи пораст од 2,4 отсто, а вредноста е пониска за 80 отсто. Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беа издадени одобренија за градење на останатите делници од новите два капитални проекта за автопати.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 127 (60.5%) се наменети за објекти од високоградба, 42 (20.0%) за објекти од нискоградба и 41 (19.5%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 210 објекти, на 115 (54.8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 95 објекти (45.2%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 412 станови, со вкупна корисна површина од 30 939 метри квадратни