Во април зголемен бројот на патници на „Визер“ за 23 отсто

Во април нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ додаде два нови авиони А320 во својата флота и најави понатамошен развој на своето работење преку воведување на опција за селекција на седиште на сите правци од мај 2015 година.

Од компанијата најавуваат и 21-база во Лублин, Полска, отворање во септември 2015; воведување на летови до Исланд во јули, која е 38. земја во која работи „Визер“ и создавање на нова програма за малди пилоти.

Компанијата соопшти дека управувајќи со 57 „ербас A320“ авиони, нуди над 380 рути од 21 бази поврзувајќи 112 дестинации низ 38 држави.