Во Аргентина откриен склад со нацистички артефакти (ФОТО)

© AP Photo / Natacha Pisarenko

Федералната полиција на Аргентина открила во близината на главниот град Буенос Аирес нелегално складиште со нацистички артефакти, реквизити и симболи, најголемото во историјата на оваа јужноамериканска земја.

Според британскиот весник The Guardian, станува збор за околу 75 предмети поврзани со нацистите. Протоа властие сметаат дека тие им припаѓале на високо позиционирани личности во Германија во времето на Втората светска војна.

„Првите сознанија укажуваат на дека станува збор за оригинално произведени предмети“, изјавила во понеделникот за агенцијата Associated Press, аргентиската министерка за безбедност, Патрисија Булрич. Многи од откриените предмети биле придружени од стари фотографии на пронајдените артефакти.

Меѓу пронајдените предмети има и елегантни кутии со свастики, па дури и медицински инструменти. Меѓу предметите има и статуа на нацистичкиот орел над свастика, но и биста од Фирерот.

Полицијата се обидува да дознае кому му припаѓале овие предмети кои се пронајдени во Бекар во предградието на аргентинската престолнина.

По Втората светска војна и капитулацијата на нацистичка Германија, многу од нацистичките злосторници побегнале во Аргентина Најпознатиот меѓу нив бепе еден од најблиските соработници на фирерот Адолф Хитлер, Адолф Ајхман, Во 1960 година израелските агенти го киднапирале во Аргентина и илегално го префрлиле во Израел каде е обесен.

Еден од ваквите високо рангирани нацистички лица кои се сокривале во Јужна Америка, е и Јозеф Менгеле, наречен „Ангелот на смртта“ во концентрациониот логор Аушвиц кој почина во 1979 година во Бразил.