Во Атина регистрирано опасно високо ниво на озон

Грчките власти издадоа предупредување за штетноста по здравјето на луѓето поради високото ниво на озон регистрирано од апаратите за мерење загаденост во областа на Атика.

Во повеќето делови на областа, вклучувајќи и голем дел од Атина, се исмерени опасно високи нивоа на озон, кои ја надминуваат безбедната граница од 180 микрограми на кубен метар.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, на старите лица и луѓето со респираторни заболувања им се препорачува да избегнуваат излегување надвор.