Во Атина уапсени “делии” – дојдени да прават нереди

Во Атина уапсени "делии" - планирале нереди

Познатата навивачка група пристигнала во Атина за заедно со “Гејт7” да навива против Динамо Загреб, а исто така, не е исклучена и опцијата двете групи заедно да планирале напад на гостите од Загреб кои се пристигнати во грчката метропола.

Интересно е што “Бед Блу Бојс” најавија дека на натпреварот против Олимпијакос ќе добијат поддршка од навивачите на Панатинаикос, кои се лути ривали на домаќинот.

Неофицијално, веќе се случиле четири инциденти во Атина и поради тоа полицијата спровела ригорозни мерки.