Балкан

Во Атина забранети протести за време на церемонијата на претседателството на ЕУ

Во Атина забранети протести за време на церемонијата на претседателството на ЕУ

Грчките власти воведоа 18-часовна забрана за протести во центарот на Атина за време на денешната церемонија за прифаќање на шестмесечното претседателство со Европската унија, пренесе „Асошиејтед прес“.

Забраната стапи во сила во шест часот денеска, неколку часа пред еврокомесарите, на чело со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, да пристигнат за учество во свеченостите.

Слична забрана беше воведена и минатата година за време на посетата на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во Атина.

Грција вечерва ќе стапи официјално во функциите на претседавач на Советот на ЕУ со свечена церемонија во Атина. Ова е петто по ред грчко претседателство .