Во август 67 проценти од потрошената струја e од домашни извори

Македонија во август потрошила вкупно 553.525 мегават часови електрична енергија, 3.328 милиони нормални метри кубни природен гас, 424.537 тони јаглен и 121.903 тони нафтени продукти.

Како што објави Државниот завод за статистика, 67,04 проценти од потрошената електрична енергија е од домашни извори, додека 96,76 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.