Во авион на „Браселс ерлајнс“ пронајдено тело на „слеп патник“

Во авион на белгиската авиокомпанија „Браселс ерлајнс“ вчера попладне, на аеродромот Завентам во Брисел, пронајдено е безживотно тело на „слеп патник“, соопшти компанијата.

Авионот на бриселскиот аеродром слета од Дакар во Сенегал, пишува весникот „Либр Белжик“.

За инцидентот информирани се полицијата и обвинителството и покрената е истрага.

Безживотното тело на мажот од африканско потекло го пронашле техничарите во товарниот дел на леталото, соопшти белгиското Обвинителство, дополнувајќи дека мажот кај себе немал ниту еден документ.