Во авионот што се урна на Малта немало функционери на ЕУ

Во авионот, што утрово се урна на Малта, немало функционери на Европската унија, изјави портпаролот на Европската служба за надворешна дејност.

Тој наведе дека авионот не бил најмен за извршување на мисија на ЕУ.

Исто така истакна дека високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини ги следи информациите за несреќата и изразува сочувство до семејствата на жртвите.

Мал авион утрово се урна на аеродромот во Малта непосредно по полетувањето.

Претходно. медиумите објавија дека станува збор за службеници од граничната агенција на ЕУ, но ФРОНТЕКС  на Твитер демантираше.

– Авионот кој се урна на Малта не е на ФРОНТЕКС, напиша на Твитер оваа агенција.

Весникот „Тајмс оф Малта” објави дека воениот авион бил земен под наем од Луксембург за потребите на ФРОНТЕКС.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.