Во Австрија падна првиот снег

Утрово во 7 часот хрватската метеоролошка служба измерила 2 степена во Оточац, град во средишниот дел на земјата, а само два степена повеќе во околните градови.

На Јадранот се уште е сончево, но температурите таму нема да бидат повисоки од 28 степени, додека во внатрешноста на Хрватска температурите ќе се движат околу 23 степени.

Во Австрија, пак, денес падна првиот снег. На северниот дел на земјата беа измерени 25 см снег.

Температурата ширум земјата паднала помеѓу десет до 15 степени Целзиусови. Снегот предизвикал и проблеми во сообраќајот, а во одредени делови од земјата е воведено задолжително користење на синџири за товарни возила.